Русин убил педофил и ја спасил неговата жртва - му се заканува казна затвор до 15 години

Владимир Санкин, механичар од градот Уфа во Русија, убил осуден педофил и сега му се заканува затворска казна до 15 години, пренесува Метро.
Имено, 54-годишниот Владимир Зајцев киднапирал момче и му се заканувал дека ќе го распарчи со секира ако не се соблече.
Две момчиња дошле во станот на педофилот да се загреат, а кога влегле, од двајцата побарал да се соблечат. Сепак, едното момче успеало да избега и за тоа го известил Санкин.
Во паника, му пришол и му раскажал сè што се случило. Санкин без размислување отишол во станот и го слушнал момчето како плаче. Го ослободил, а потоа го извадил педофилот надвор и го тепал со дрвен стап сè додека не пристигнала полицијата.
Зајцев, кој им подлегнал на повредите, неодамна отслужил затворска казна за сексуален напад на деца.
„Не очекував дека ќе умре. Спасив две деца… од него“, вели Санкин.
Тој бил приведен и обвинет за намерно нанесување телесни повреди што резултирало во смрт на жртвата од невнимание.
Сепак, јавноста го поддржува и бара обвинението да се отфрли.
Десетици илјади луѓе потпишаа петиција во која се бара ослободување на Санкин. Во описот на петицијата се вели дека педофилот починал удирајќи ја главата при падот. Сопругата на Санкин целосно го поддржува, а адвокатот се надева дека судот ќе ги земе во предвид околностите на убиството.
Тој во моментов е во куќен притвор и ќе остане така до крајот на истрагата.
Ново на Сител
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
-

Газда Деко добивал информации за рации во дискотеката, комуницирал со инспектори, полицајци, вработени во Економија
-

Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро
