Свет
30. November 2015 - 21:08

Русите донесоа авиони подготвени за дуели со непријателски летала

Командата на руските воздухопловни сили соопшти дека воени авиони „Су-34“ денес прв пат извршиле летови вооружени со проектили воздух-воздух, односно дека се целосно подготвени за воени дуели со непријателски авиони.

- Денес руски бомбардери „Су-34“ извршија мисија носејќи не само бомби „ОФАБ-500“ и „КАБ-500“, туку и проектили од краток и долг домет воздух-воздух, изјавил портпаролот на воздухопловството полковник Игор Климов.

Тој нагласил дека авионите се вооружени со такви ракети само поради заштита.

Според неговите зборови, проектилите се опремени со систем за водење и можат да гаѓаат цели во воздух на оддалеченост од 60 километри.

Турски авиони „Ф-16“ на 24 ноември соборија руско летало „Су-24“, кое падна во Сирија.