Русите ќе чекаат по три месеци за американска виза
Американскиот Стејт департмент соопшти дека граѓаните на Русија ќе треба да чекаат, во просек, по речиси три месеци за да бидат повикани на интервју за добивање американска виза.
Имено, лицата кои ќе аплицираат за таканаречената „Визитор Виза“ (визата од категоријата Б1 е работна, додека Б2 е туристичка) ќе мора да чекаат до 85 дена.
За оние кои сакаат студентска виза, периодот за чекање за интервју ќе биде 36 дена.
Лицата кои ќе поднесат барање за друг тип на неимигрантски визи ќе треба да чекаат во просек по 53 дена, јави Спутник.
Претходно, американската Амбасада во Москва соопшти дека, поради мерките што Русија ги презела за намалување на бројот на вработени лица во американската дипломатска мисија, од 23 август постапката за издавање на неимигрантски американски визи во Русија ќе биде прекината.
Оваа процедура ќе продолжи на 1 септември, но само во Москва.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека, со прекинувањето на процесот за издавање визи, САД се обидуваат да поттикнат незадоволство кај Русите поради работењето на нивните власти.
- Американските автори на овие одлуки презедоа уште еден обид да предизвикаат незадоволство меѓу руските граѓани од активностите на руските власти. Тоа е добро позната логика, тоа е логиката на оние кои организираат шарени револуции, истакна Лавров.
- Русија внимателно ќе ја проучи одлуката на САД, пред да одговори на дадените ограничувања, посочи Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи увери дека Русија нема намера да им се одмаздува на американските граѓани, јави ТАСС.
Ново на Сител
-
Вработените во JCП повторно останаа без плата – Најави за блокади на раскрсници во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители