-->
-->
Русите објавија видео од ракетен систем каков што светот нема видено досега
-->
Русите тврдат дека нивниот најсовремен против-ракетен систем може да пружи апсолутна заштита од било каква опасност која што доаѓа од небото.„Ние веруваме дека ова оружје е најдоброто во својата класа и тоа во целиот свет“, изјави Валериј Кашин, дизајнер на ракетите на моќниот против-ракетен систем.
Русите објавија видео снимка од новиот модернизиран систем за ракетна одбрана кој што бил успешно тестиран. Тестот бил одржан на полигонот Сари Шаган во Казахстан и ракетниот систем функционирал совршено.
Овој систем може да го погоди било кој објект не само во земјината атмосфера, туку и во вселената, како на пример сателитите или интерконтиненталните балистички ракети од долг домет кои што летаат во вселената пред да се спуштат над метата. Доколку пресретне нуклеарна боева глава, тогаш не експлодира, туку ја деактивира.
Напредната „АБМ“ ракета за пресретнување која што беше тестирана во Казахстан ќе биде дел од системот А-235 чија што мобилна верзија може да биде распоредена во било кој дел од Русија.
Неговите спецификации и натаму остануваат строго доверливи, а според аналитичарите, ракетата може да развие брзина од 3 км/с што гарантира подобрување на ефикасноста на пресретнување на балистичките ракети, дури и поголема од онаа на актуелниот ПВО систем „С-400 Триумф“.
Според експертите, новата пресретнувачка ракета дури би можела да лета и со поголема брзина, што значи дека кога интерконтиненталната ракета ќе полета, проектилот веќе ќе биде во воздух и ќе се искачи во блиската вселена, па ќе понуди „чадор“ против евентуален нуклеарен напад на Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
