Русите во паника, ги снајде библиска несреќа: На паркинг во Сибир падна крвав дожд и ги поплави автомобилите

На сопствениците на автомобили во Сибир не може да им се прости што помислија дека библиска несреќа се спуштила врз нивниот град, откако ги пронајдоа своите возила поплавени од крвав дожд на паркинг во Норилск.
Фотографиите од овој феномен прикажуваат паркинг и автомобили со темноцрвени остатоци од дожд. Но сопственикот на паркингот брзо ги увери дека нема штета врз нивните автомобили. Според неговите зборови, крвавоцрвената вода е едноставно обоена поради рѓата од една блиска работилнциа. паркингот во главниот индустриски центар во Сибир се наоѓа покрај фабрика за преработка на метал.

Од фабриката истакнаа дека луѓето немаат од што да се плашат. Портпаролот на компанијата изјави дека спровеле истрага и ја утврдиле причината за инцидентот.
„Во саботата на 30. јуни, покривот на една наша продавница е исчистен од сумпорот заедно со остатокот на територијата. Насобраната црвенкаста прашина е подготвена за складирање, но уште не е тргната. Ударот на ветрот ја нанесе преку паркингот додека дождот предизвика нејзин пад“, рече портпаролот.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
