-->
-->
Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна
-->
Руската пратеничка Марија Бутина рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија, ризикува да избие трета светска војна.
„Администрацијата на Бајден се обидува да ја ескалира ситуацијата до максимум додека тие се уште имаат моќ и додека се уште се на власт“, рече Бутина.
„Се надевам дека (Доналд) Трамп ќе ја смени одлуката, бидејќи сериозно го ризикуваат почетокот на третата светска војна, што не е во ничиј интерес“, додаде таа.
Странските агенции во неделата објавија дека администрацијата на Бајден ги укинала ограничувањата што претходно ја спречуваа Украина да користи американско оружје за да напаѓа длабоко на руска територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО: Предлог за притвор на малолетник кој во автобус убодил 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница