Руската ПВО уништила 42 дрона над Крим и ракета над Калушкиот регион
Руските сили за противвоздушна одбрана утринава уништиле 42 украински беспилотни летала над Крим и една ракета над калушкиот регион во Русија, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе Би-би-си.
Министерството прецизираше дека противвоздушната одбрана уништила девет беспилотни летала, додека останатите 33 биле онеспособени со електронското војување и паднале над Крим пред да стигнат до своите цели.
Градоначалникот на Севастопол, Михаил Развозаев, на Телеграм напиша дека се уништени неколку дронови над ртот Херсон, што се наоѓа на периферијата на Севастопол.
Министерството за одбрана соопшти дека соборило проектил лансиран од украинските сили над Калушкиот регион, што се граничи со московскиот регион, пренесуваат бриотанските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета, а руските аеродроми ги прекинаа летовите на неколку часа.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата