Руската воздушна одбрана собори 64 украински дронови над 10 руски региони

Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 64 украински дронови преку ноќ над 10 руски региони, објави утрово руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека над Самара се соборени 20 украински дронови, а над Воронежската и Саратовската област по осум.
Се нагласува дека над Московскиот регион се соборени седум дронови, вклучувајќи пет што летале кон главниот град.
Исто така, се наведува дека шест украински дронови се соборени над Рјазанската и Ростовската област, три над Тулската област, два над Белгородската област и по еден над Курската, Калушката, Пензската и Тамбовската област.
Бројот на жртви во нападот со дронови врз Херсонската област ноќта меѓу 31 декември кон 1 јануари, се искачи на 27, меѓу кои и две малолетни лица, соопшти Истражниот комитет на Русија.
Според руските власти, истата ноќ, дронови нападнале кафетерија и хотел во Херсонската област на брегот на Црното Море, при што биле повредени 29 лица. Пожарот се проширил на површина од околу 500 квадратни метри.
Гувернерот на Херсонската област, Владимир Салдо, објави дека 2 и 3 јануари се прогласени за денови на жалост во регионот.
Русија вчера побара од Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права јавно да го осуди, како што наведе, терористичкиот напад на украинските сили врз Херсонската област, објави постојаниот претставник на Русија во ОН во Женева, Генадиј Гатилов.
МИА
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
