Руски и кинески шпиони со најголемо дејствување во Чешка
Во Чешка, минатата година се забележано најчести дејствувања на разузнавачките служби на Русија и Кина. Кинеските интереси биле насочени кон ширење на влијанието во чешката политика и економија, додека Русија главно водела информативна војна во врска со украинската и сириската криза.
Ова е дел од годишниот Извештај на чешката а Безбедносна служба (БИС) објавен денеска, јави дописникот на МИА од Прага.
- Значителен дел од руските разузнавачи дејствувале под покритие на дипломатската мисија која останува се уште непропорционална во однос на дипломатските претставништва како САД или Кина, се вели во Извештајот.
Ова според БИС претставува загрозување на безбедноста и интересите на Чешка.
Чешката контраразузнавачка служба информира дека имало обиди за нарушување на внатрешното единство и активност на НАТО и ЕУ со ширење на невистинити информации.
Кинеските шпионски служби главно го ширеле своето влијание во државните структури.
БИС исто така информира и за следење на некои луѓе кои патувале за Сирија или пак изразувале симпатии за идеологијата и активностите на џихадистичката организација Исламска држава (ИД). БИС минатата година била насочена и кон активности на екстремистите поврзани со миграциската криза и големиот број бегалци кои Чешка ја користеа како транзитна земја.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција