Руски научници развиваат лек против рак достапен за сите
Научници од Сибир, со поддршка на Рускиот фонд за базични истражувања работат на развој на нов лек за имунотерапија на онколошки болести.
Механизмот на имунотерапијата се заснова врз откритијата на добитникот на Нобеловата награда за медицина за 2018 година, изјави истражувачот од Институтот за хемиска биологија и фундаментална медицина при сибирскиот оддел на Руската академија на науките, Дмитриј Стеценко.
Годинашните нобеловци, Џејмс Алисон и Тасуку Хоњо, предлагаат лекување на рак кое е принципиелно различно од хемотерапијата и радиотерапијата. Тоа се заснова на сознанието дека ќелиите на ракот го спречуваат активирањето на лимфоцитите кои имаат функција да се борат со туморот, и така тие ќелии стануваат отпорни на имунолошкиот систем на одреденото лице. Методот на Алисон и Хоњо предвидува спречување на таа појава со помош на инхибиција на „контролните точки” на имунитетот низ кои тој треба да помине за да се вклучи механизмот за уништување на туморот.
– Темата на нашиот проект е директно поврзана со трудовите на нобеловците за медицина. Ги истражуваме истовремено и ефектите на неколку молекуларни точки кои се наоѓаат во ќелиите на имунолошкиот систем и се одговорни за препознавање на ќелиите на ракот. Се работи на синтетизирање вештачки молекули, чија задача ќе биде да ги блокираат клучните „контролни точкки“ и со тоа да ја вратат способноста на Т-лимфоцитите да ги напаѓаат ќелиите на туморот, објаснува Стеценко, додавајќи дека има повеќе препарати за имунотерапија за рак, кои се засноваат на моноклонски антитела, односно протеински молекули кои можат да ги блокираат „контролните точки” за имуносупресија.
На прв поглед, лекувањето е многу скапо и една од главните задачи на руските научници е да го направат препаратот подостапен.
Ново на Сител
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
