Свет
4. February 2016 - 8:51

Руски офицер убиен во напад на ИД во Сирија

Руски офицер загина во Сирија во минофрлачки напад на припадници на Исламска држава, соопшти синоќа руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека убиениот офицер бил воен советник кој помагал во обучувањето на сириските сили во користењето на руско оружје.

Министерството за одбрана истакнува дека офицерот ќе биде постхумно одликуван, но не се наведуваат податоци за неговиот идентитет, ниту за точната локација на неговото погубување.

Ова е трета жртва од руска страна во воената кампања, која Москва ја покрена против ИД во Сирија пред четири месеци.