Руски олигарх пронајден мртов во гражата на неговата вила во Лондон
Рускиот олигарх Михаил Ватфорд (66) е пронајден мртов во гаражата на неговата британска вила, а многумина се прашуваат дали тоа има некаква врска со руската инвазија на Украина.
Вотфорд го пронашол градинар како виси на таванот на гаража во вила вредна околу 18 милиони фунти недалеку од Лондон.
Полицијата моментално го истражува случајот поради страв дека можеби се наоѓал на списокот на лица што треба да бидат ликвидирани, иако официјално не бил под санкции како другите бизнисмени.
„На неговата психичка состојба можеби влијаела ситуацијата во Украина, но времето на неговата смрт и инвазијата на Украина секако не е случајност“, коментира неговиот пријател.
„По сите други сомнителни смртни случаи на Руси во Велика Британија, природно е дека сега сите сме скептични за неговата смрт“, додаде друг извор близок до семејството.
Вотфорд се збогатил со компанија за преработка на нафта во Украина, а во 2000 година пристигнал во Велика Британија и го сменил презимето. Тој живеел во Велика Британија со сопругата, двете деца и детето од првиот брак.
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
