Руски војници распоредени во сирискиот град Дума

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска се распоредени руски војници во сирискиот град Дума.
- Тие се гаранти на редот и законот во градот, се посочува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Претрходно, началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, генерал-мајот Јуриј Евтушенко изјави дека сириската армија воспостави целосна контрола над градот Дума, што досега беше под контрола на групата „Џаиш ал ислам“. Тој додаде дека сега владините сили ја контролираат цела Источна Гута.
Околу 4.000 бунтовници и членови на нивните семејства замина од Дума и предадоа повеќе од 4.0000 парчиња оружје. Од крајот на февруари над 41.000 луѓе ја напуштија Дума, а околу 165.000 лица заминаа од Источна Гута.
Ново на Сител
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
