Руските воени бродови на брза проверка на борбената готовност во Црно Море и Касписко Море
Над 25 руски воени бродови од Црноморската флота и Касписката флотила вчера и денеска испловиле од своите бази, во рамки на вонредната проверка на борбената готовоност, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
На Црно Море испловиле повеќе од 15 бродови, а во Каспиското повеќе од 10 бродови, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди вонредна проверка на борбената готовност во неколку региони, пренесе агенцијата ТАСС
Повеќе од 15 воени бродови на Црноморската флота се на море за да ги исполнат задачите од брзата проверка на борбената готовност во рамки на поморските борбени групи, антиподморничките групи, групата за чистење мини и ангажирањето на десантни бродови, се наведува во соопштението.
ТАСС наведува дека повеќе од 10 бродови на Касписката флотила ги напуштиле своите бази во Астрахан и Каспијск.
Во вежбите за брза проверка на борбената готовност, што треба да траат до крајот на август, се вклучени силите на јужниот воен округ, делови од силите во западниот и централниот воен округ, Северната флота и воздухопловните сили.
Ново на Сител
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези