Руско МНР: Ќе одговориме на протерувањето на дипломатите од Полска
– Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва ќе одговори на протерувањето на 45-те руски дипломати од Полска, што, како што соопшти, се заканува да ги уништи нивните и онака нарушени односи.
„Русија нема да го остави без одговор овој непријателски напад, што ќе ги натера полските провокатори да размислуваат и што ќе ги повреди“, се наведува во соопштението на руското министерство, пренесено од британските медиуми.
Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, вчера соопшти дека му била врачена нота од полското Министерство за надворешни работи за протерување на 45 руски дипломати.
Андреев кажа дека не е меѓу лицата кои се прогласени за „персона нон грата“ и дека ќе остане во Варшава, пренесе Тасс.
Портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби, Станислав Зарин, претходно изјави дека полската Агенција за внатрешна безбедност подготвила список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побарала нивно протерување од земјата.
-Тоа се луѓе кои работат под дипломатски статус, но всушност вршат разузнавачки активности против Полска, рече Зарин.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захаров, во најавата за протерувањето рече дека Русија ќе одговори на адекватен начин.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
