Руско МО: Почна борбената обука на мобилизираните граѓани
– Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека државјаните на Русија кои се мобилизирани во рамките на делумната мобилизација ја минуваат борбената обука во центрите за обука на Министерството за одбрана и на заднинските полигони.
Московскиот весник „Известија“ јави дека обуката се одвива во еден од центрите за обука на Јужниот воен округ.
Мобилизираните граѓани минуваат обука за модерна борбена тактика, прва помош и употреба на комуникации на бојното поле. Посебно внимание се посветувало на воената топографија, инженерската обука, основите на радијациска, хемиска и биолошка заштита.
Војниците се обучуваат да пукаат со автомати „Калашников“, лесни митралези „Калашников“ и фрлачи на гранати RPG-7V.
Министерството за одбрана на Русија додава дека по завршување на обуката, на сите единици со мобилизирани граѓани и доброволци ќе им се довери контролата и одбраната на „ослободените територии“, како што Москва ги нарекува териториите во Украина кои се под нејзина контрола.
Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември прогласи делумна мобилизација во земјата и воените власти веднап најавија дека ќе се мобилизираат 300.000 лица.
Ново на Сител
-

УНИЦЕФ: Во Појасот Газа за три месеци загинаа повеќе од сто деца
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
-

Лидерите на партиите во ЕП бараат конкретна и опиплива поддршка од ЕУ за Гренланд и Данска
-

Утринска магла и ветер од западен и северозападен правец
