-->
-->
Русковска за Сител: Не коментирам туѓи ставови
-->
Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција нема коментар по соопштенијата на Апелационит суд и Судскиот совет за нејзино наводно мешање во работата на судовите.
Обвинителката Вилма Русковска, кратко за Сител изјави „Не коментирам туѓи ставови“.
Апелација и Судски совет вчера на заеднички колегиум оценија дека СМС пораката на Русковска е недолично однесување и преседан во правосудниот систем.
По одлуката на апелационите судии, за одредување домашен притвор за поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, Русковска на судијата Јани Нича му испратила СМС порака со содржина:
„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам“.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов