САД доделуваат нов пакет воена помош за Украина
Пакетот помош вклучува оружје и техника во вредност од 100 милиони долари. Киев ќе добие противракетни системи како М142 ХИМАРС и дополнителна патрони за него, артилериски патрони со калибар 155 мм и 105 мм, противтенковски комплекси Џавелин, TOВ и AT-4, како и повеќе од три милиони куршуми за рачно оружје.
САД најавија нов пакет воена помош за Украина за заштита од руските напади во војната што Москва ја води против Киев речиси две години.
Пакетот помош вклучува оружје и техника во вредност од 100 милиони долари. Киев ќе добие противракетни системи како М142 ХИМАРС и дополнителна патрони за него, артилериски патрони со калибар 155 мм и 105 мм, противтенковски комплекси Џавелин, TOВ и AT-4, како и повеќе од три милиони куршуми за рачно оружје.
-Од итна важност е Конгресот да донесе мерки за подршка на Украина и да го одобри барањето на претседателот за дополнително финансирање. Со помошта на Украина да се заштити и да ја обезбеди својата иднина на суверена, демократска, независна и просперитетна држава, ние ги унапедуваме интересите и на нашата национална безбедност, се наведува во синоќешното соопштение од Стејт департментот.
Со тоа, додава Стејт департментот, може да се спречи многу поголем конфликт во регионот, и да спречи идна агресија.
„Како што изјави претседателот Бајден, кога агресорите не плаќаат (за агресијата) тие предизвикуваат уште поголем хаос, смрт и уривање… Се додека Русија не запре со својата агресија САД и коалиција од повеќе од 50 земји што заедно ја создадовме ќе продолжат со подршката за Украина“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
