САД: Екстремистите би можеле да ги нападнат руските градови
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби, изјави дека Русија има интерес да го запре насилството во Сирија бидејќи екстремистите би можеле да ги нападнат руските интереси или руските градови.
Кирби наведе дека американската администрација ги разгледува недипломатсите опции како одговор на насилството во Сирија по неуспешниот прекин на оган кој го поддржаа САД и Русија, но одби да каже за кои опции станува збор.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го повика американскиот државан секретар Џон Кери да ги оствари ветувањата на САД, дека ќе ги одвои деловите на сириската опозиција кои се оријентирани кон Вашингтон од терористичките групи, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Лавров и Кери во телефонскиот разговор наведоа дека локалните воени команданти на Ал Нусра отворено зборувале за странската поддршка, вклучително и за испораката на американско оружје.
Ал Нусра фронтот неодамна се преименува во Џабхат Ал Шам.
Двајцата претставници разговарале за можните начини како да влијаат на ситуацијата во Алепо во рамки на принципите на американско-рускиот план за примирје, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Кери претходно се закани дека ќе ги прекине сите контакти со Русија во врска со Сирија, доколку не се запре руското и сириското бомбардирање во Алепо.
Стејт департментот наведе дека Кери овој ултиматум го изнел во телефонскиот разговор со Лавров.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот