САД издвоиле повеќе од 454 милиони долари за анулирање на руското влијание врз Балканот
Инспекторатот на Стејт департментот на САД објави извештај на Фондот за спротивставување на руското влијание (CRIF), во кој се наведува дека САД од 2017 година потрошиле повеќе од милијарда долари за финансирање невладини организации, медиуми, како и други организации и програми за анулирање на руското влијание.
Во извештајот објавен на веб-страницата на Стејт департментот се наведува дека најголемиот дел од тие средства – 621,5 милиони долари биле наменети за финансирање на организации и програми во Источна Европа, за земјите од Вишеградската група (В4), во кои спаѓаат Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, додека за балканските земји биле наменети 454 милиони долари
Според податоците од Извештајот, за организации во Србија се издвоени 55,5 милиони долари, а за Косово 61,1 милиони долари.
САД дале нешто повеќе од 80 милиони долари за Босна и Херцеговина, 67,4 милиони долари за Северна Македонија, 50 милиони долари за Црна Гора.
За Бугарија се издвоени 47,7 милиони долари, за Словенија 40,3 милиони долари, за Албанија 39 милиони долари, за Хрватска 11,4 милиони долари, а за Грција 0,7 милиони долари.
Програмите CRIF се дизајнирани да ги постигнат целите на „Акт за спротивставување на влијанието на американските противници преку санкции” и да обезбедат странска помош на земји кои се предмет на „влијание и агресија на Руската Федерација и немаат економски капацитет за ефикасен отпор
Ново на Сител
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома