САД: Косово ги загрозува можностите што помогнавме да се создадат
СAД оценија дека со континуираните некоординирани одлуки, Косово ги загрозува можностите што Вашингтон помогна да се создадат.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер на прес-конференција нагласи дека САД се загрижени за неодамнешните одлуки на Косово, одговарајќи на прашањето дали треба да има последици за косовските власти по затворањето на филијали на Српска пошта на северот на земјата.
„Ние веруваме дека тие одлуки ги загрозија можностите што му помогнавме на Косово да ги создаде. Ако ги погледнете настаните од независноста на Косово, САД силно ја поддржаа целосната интеграција на земјата во меѓународната заедница како суверена мултиетничка демократија, соработувавме со успешните политички лидери на Косово за мерки кои го зајакнаа мирот и просперитетот во земјата додека Косово напредуваше на евроатлантскиот пат“, изјави тој.
Милер рече дека затоа ја охрабруваат Владата на Косово да се врати на „близок и конструктивен ангажман“ со САД, Европската унија, НАТО и другите меѓународни партнери.
Портпаролот на Стејт департментот рече дека тие ставови приватно ги искажале на Владата на Косово и нагласи дека не сака да шпекулира за идни потези.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец