САД не се откажуваат од надлетувања и пловидби во спорното Јужно Кинеско Море

САД ќе продолжат со надлетување на територијата на Јужното Кинеско Море, а бродовите и авионите во состав на Пацифичката флота ќе продолжат да крстосуваат низ тоа море за да ја докажуваат потребата за слобода на сообраќај во меѓународните простори.
Ова на конференција за печат во Канбера, Австралија, го соопшти генерал Лори Робинсон, командант на пацифичкиот дел на воената авијација на САД.
Изјавата е одговор на категорично соопштениот став на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли, кој вчера на својата годишна прес-конференција рече дека Кина нема да дозволи нарушување на своето суверено право над териториите во големото Јужно Кинеско Море.
Минатиот месец на новоизградената воена и цивилна населба во подрачјето на Спратли островите, Пекинг допреми и бродови опремени со ракети земја-воздух, што САД и сојузниците од регионот го протолкуваа како знак за интензивирање на милитаризацијата во подрачјето на спорното море.
Генералот Лори Робинсон изјави дека не верува во можноста да дојде до пресметка меѓу воените сили на САД и Кина во овој дел на светот, бидејки Пекинг и Вашингтон лани потпишаа прецизен договор за избегнување на случајни или испровоцирани инциденти.
Воените авиони на САД по надлетување на Јужноѕо Кинеско Море за слетување ја користат и австралиската воена база во Дарвин.
Генералот Робинсон побара и другите заинтересирани држави да им се придружат во маневрите за докажување на правото на слободен сообраќај. Таа соопшти дека во источниот Пацифик во меѓународните води е се поприсутна и руската воена морнарица.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
