Свет
28. November 2017 - 9:19

САД планира да ја намали воената поддршка за групите кои се дејствуваат против ИД во Сирија и Ирак

САД планираат да ја намалат воената поддршка за групите кои се бореа против „Исламска држава“ (ИД) во Ирак и Сирија, но тоа не значи дека Вашингтон ќе ја прекине целата помош за тие групи, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Таа прецизира дека со намалувањето на териториите контролирани од ИД, САД е во позиција да престанат да обезбедуваат воена опрема за одредени групи, но тоа не значи прекин на целата поддршка за нив. 

Во петокот, Турција објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го информирал турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган дека се дадени инструкции САД да не ги снабдуваат со оружје сириските курдски војници, кои се сметаат за закана од Анкара.