САД подготвени на дијалог со Пјонгјанг независно „новите“ севернокорејски провокации
Соединетите Американски Држави сооштија дека сè уште се отворени за дијалог со Северна Кореја, независно „новите провокации“ од Пјонгјанг и најавите на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за јакнење и развој на нуклеарното оружје.
Јонг-ун во обраќањето на големата воена парада во понеделникот на која беа презентирани интерконтинентални балистички ракети вети забрзан развој на нуклеарниот арсенал на неговата земја.
Пјонгјанг неодамна ги интензивираше тестирањата на оружјето и демонстрациите на воена моќ, во мигови на застој на преговорите за денуклеаризација со САД и преземање на власта во Сеул од страна на новата конзервативна администрација.
„И во иднина ќе бидеме отворени за дипломатија и дијалог со Северна Кореја, да ја запре својата нуклеарна програма“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Според него, САД сè уште имаат „обврска да одговорат на неодамнешните провокации од Северна Кореја“, притоа посочувајќи на двете тестирања ракети со голем дострел.
Најавите на Ким Јонг-ун дека ќе ги зајакне и развива нуклеарните потенцијали потврдува дека „Северна Кореја е закана за мирот, за меѓународната безбедност и протоколот за неширење на нуклеарно оружје“, додаде Прајс.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
