САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари

САД подготвуваат пакет од дополнителна воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари, соопштија синоќа од Стејт департментот.
Износот е речиси половина од преостанатите 2,21 милијарда долари во рамките на Иницијативата за помош за безбедност на Украина (УСАИ).
Средствата од УСАИ ќе бидат насочени кон набавка на муниција за високомобилните артилериски ракетни системи (HIMARS) произведени од Lockheed Martin, како и за беспилотни летала.
Администрацијата на Бајден често ги користеше претседателските овластувања за вонредно повлекување на оружје (ПДА), кои му дозволуваат на претседателот без одобрување од Конгресот вонредно да повлекува оружје од американските резерви.
Средствата од УСАИ се издвоени одделно и ќе се користат за набавка на ново оружје од компании во САД.
Администрацијата на Бајден располага со околу шест милијарди долари кои ги одобри Конгресот, вклучувајќи средства одобрени во 2024 година и средства откриени од Пентагон по преоценувањето на вредноста на испратеното оружје во Украина.
Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, САД доделиле на Украина воена помош вредна повеќе од 62 милијарди долари.
Покрај од резервите, голем дел од ова оружје е купено од американски компании кои работат во одбранбениот комплекс.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
