САД повлекоа носач на авиони од Блискиот исток
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повлече носач на авиони од Персискиот Залив, што е потенцијален сигнал за намалување на тензиите со Иран, кои се зголемија за време на управата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека ударната група предводена од УСС Нимиц испловила од Централната команда на САД на Блискиот исток кон Индо-Тихоокеанската команда.
Кирби не ја потврди информацијата дека Нимиц се враќа во САД по девет месеци пловење. Но, тој навести дека откако администрацијата на Трамп го засили американското воено присуство во Персискиот Залив, Владата на Бајден не гледа смисла да го држи носачот на авиони во регионот како неопходен за гарантирање на безбедноста на САД во регионот. Портпаролот не кажа дали Нимиц ќе биде заменет во регионот во блиска иднина, но нагласи дека американската морнарица има ограничен број носачи на авиони.
Ново на Сител
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи