САД предлагаат поостри и посеопфатни санкции против Пјонгјанг
САД ќе поднесат нацрт-резолуција до Обединетите нации во која се повикува на „поостри и посеопфатни“ санкции кон Северна Кореја поради нејзините нуклеарни и балистичките тестови, изјави американскиот амбасадор во ОН, Саманта Пауер.
- Тоа е голем напредок во однос на претходните резолуции за санкциите, изјави Пауер во престрет седницата на Советот за безбедност на ОН, на која ќе биде разгледан новиот пакет мерки.
Како што јави Јонхап, Северна Кореја на 7 февруари лансираше ракета со голем дострел со сателит, што беше остро критикувано од соседите на таа земја и од САД и беше означено како обид за тестирање на балистичка ракета.
Пјонгјанг претходно соопшти дека на 6 јануари ја извршил својата четврта нуклеарна проба и оти овој пат станувало збор за хидрогенска бомба.
Ново на Сител
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?