САД разочарани од неотпочнувањето преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија
Американскиот Стејт департмент изрази разочараност што Европскиот совет не ги прифати „многу силните реформски напори“ на Северна Македонија и Албанија и не постигна согласност за започнување пристапни преговори со двете земји.
– Позитивната одлука би го потврдила кредибилитетот на нивниот пат кон ЕУ и цврсто би се спротивставила на малигните надворешни актери, кои сакаат да ги поткопаат западните вредности и евроатлантската заедница, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, по вчерашната одлука на Советот на ЕУ да го одложи стартот на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.
Во соопштението се нагласува дека САД ја поддржуваат посветеноста на Северна Македонија и Албанија на трансатлантска интеграција и нивните аспирации за влез во Европската Унија и се изразува надеж дека Европскиот совет ќе постигне консензус за позитивна одлука за преговори со двете држави пред самитот ЕУ – Западен Балкан во мај идната година.
Стејт департментот посочува дека САД ќе останат стратешки партнер на Северна Македонија и Албанија се додека тие работат на зајакнување на владеењето на правото, справувањето со корупцијата, развојот на нивните економии и борбата против организираниот криминал.
– Ние ги охрабруваме двете држави да останат цврсто на патот на градењето на транспарентно, праведно и демократско општество во согласност со потребите на нивните граѓани. САД ќе продолжат да работат со европските партнери за да ги унапредат заедничките цели за стабилност и безбедност на Западен Балкан, се додава во соопштението на Стејт департментот по вчерашната одлука на лидерите на ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток