Свет
5. October 2015 - 15:04

САД: Руското нарушување на турскиот воздушен простор не е случајно

Руското кршење на турскиот воздушен простор, преку сириската граница не е случајно, изјави денеска висок претставник на американското Министерство за одбрана.

- Не верувам оти тоа било несреќа, рече тој, под услов да остане анонимен. - Тоа ја потврдува нашата загриженост поради начинот, на кој тие тоа го работат, додаде тој.

Тоа натаму ја доведува во прашање нивната намера и сигурно го поставува прашањето за основната самоконтрола и професионалното однесување на небото, додаде тој.