САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ) денеска соопшти дека се уништени седум радари на територијата контролирана од милитантната група Хути во Јемен, како и еден дрон и две поморски беспилотни летала камикази во Црвеното Море.
-Овие радари им дозволуваат на Хутите да ги гаѓаат поморските бродови и да им се закануваат на трговските бродови, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ.
Во него се додава дека милитантната група Хути „насочува и ги загрозува животите“ на граѓани на земји кои не се поврзани со конфликтот во Газа, иако тврди дека наводно дејствува во име на Палестинците.
„Заканата за меѓународната трговија што ја претставуваат Хутите всушност го отежнува обезбедувањето на многу потребната помош за народот на Јемен, како и на Газа, се вели во соопштението.
Филипински морнар од либерискиот брод Тутор останува исчезнат откако бродот во средата бил нападнат од поморски камиказе дрон, предизвикувајќи пожар, соопшти американската војска.
Се додава дека вчера бил спасен и екипажот на товарниот брод „М/В Вербена“, кој Хутите го погодија со два проектила во четвртокот во Аденскиот залив.
Нападите на милитантната група Хути во Црвеното Море и Аденскиот Залив започнаа во ноември минатата година и ја нарушија глобалната трговија, а групата рече дека ги извршува нападите во знак на солидарност со Палестинците во војната со Израел во Појасот Газа.
Многу големи бродски компании го избегнуваат Црвеното Море поради нападите на Хутите и испраќаат бродови кои пловат меѓу Азија и Европа на многу подолг пат околу јужна Африка, што доведе до зголемување на трошоците за превозот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме
-
Њујорк Тајмс: Одлуките на Трамп ја загрозуваат целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма
-
Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница