САД веќе не ги чуваат вакцините за втората доза, одат на помасовно вакцинирање
Американското Министерството за здравство соопшти дека одеднаш е одлучено да се распределат преостантите вакцини против Ковид-19 со кои земјата располага, место да се остават половина за втората доза, во обид да се вакцинираат што повеќе луѓе.
Министерот Алек Азар за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека производството на вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“ сега е „сосема предвидливо“ и дека сите дози можат да се распределат одеднаш, пресметувајќи дека лабораториите навремено ќе ги обезбедат потребните количества за втората доза.
Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, што се одобрени во САД, се даваат во две дози, во распон од три до четири недели.
Со промена на одлуката да се задржи половина од залихите, властите се надеваат дека ќе го зголемат бројот на луѓе кои можат брзо да ја примат вакцината, наведува Еј-Би-Си.
Новоизбраниот претседател Џо Бајден пред неколку дена кажа дека и неговата администрација, која ќе ја преземе власта за седум дена, исто така, ќе заземе таков пристап.
Темпото на вакцинирање е забрзано во последните неколку недели, бидејќи досега околу девет милиони луѓе ја примиле својата прва доза, наведува ЦДЦ. Но, експертите наведуваат дека темпото треба уште повеќе да се забрза и дека на државните и локалните надлежни институции им се потребни повеќе ресурси и поддршка.
Од 25 милиони дози распределени низ сојузните држави, Американците досега примиле само 8,9 милиони дози од вакцините.
Ново на Сител
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
-

Соопштение до јавноста од Рамсторе Македонија
-

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД
-

Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка
-

Трамп ги најави темите за разговорите со Шји: Во Иран ќе победиме мирно или на друг начин
-

Американски медиуми пишуваат дека Иран се уште располага со голем дел од ракетниот арсенал
-

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик
