САД ветија помош од 155 милиони долари за Ирак
Американскиот државен секретар Џон Кери за време на посетата на Багдад вети хуманитарна помош за Ирак во висина од 155 милиони долари.
- Новата помош е наменета за најитните потреби на милионите раселени и загрозени Ирачани поради судирите во земјата и во регионот, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Во соопштението се додава дека американската хуманитарна помош за Ирак од 2014 година до денес изнесува повеќе од 778 милиони долари.
Ирак се бори против Исламска држава, која од 2014 годиан освои големи делови од земјата, поради што милиони Ирачани ги напуштија домовите.
Според податоци на Обединети нации, од вкупно 23 милиони Ирачани на 10 милиони итно им е потребна хуманитарна помош, како и на трите милиони кои живеат во областите окупирани од ИД.
Кери вчера допатува во ненајавена посета во Багдад, на разговори со претставниците на ирачките власти посветени на борбата против џихадиситчата група.
- Фактот дека ИД во Ирак не е во офанзива значи дека ја губат иницијативата, истакна Кери во Багдад.
Тој изрази поддршка на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, кој е блокиран во политичката криза со ривалите кои го обвинуваат дека не ги исполмил ветувањата за политички и економски реформи.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис