САД возвратија на нападот во кој беа ранети тројца американски војници во Ирак
По наредба на претседателот Џо Бајден, американската војска изврши напади во Ирак во 2:45 часот по средноевропско време, при што веројатно убиле „голем број милитанти на Катаиб Хезболах“ и уништиле повеќе објекти што ги користела групата, соопшти американската војска.
Американската војска изврши воздушни напади во Ирак синоќа како одговор на нападот со беспилотно летало на проирански милитанти врз американска воена база, во кој тројца американски војници беа ранети, а еден во критична состојба, соопштија официјални лица.
Групите поврзани со Иран во Ирак и Сирија се противат на израелската кампања во Газа и ги сметаат САД делумно одговорни.
„Овие напади имаат за цел да ги повикаат на одговорност оние елементи директно одговорни за нападите врз коалициските сили во Ирак и Сирија и да ја намалат нивната способност да продолжат со нападите.
Секогаш ќе ги штитиме нашите сили“, изјави генерал Мајкл Ерик Курила, шеф на американската Централна команда. Американската база во Ербил, Ирачки Курдистан, вчера беше нападната со беспилотно летало. Tаа база беше неколкупато напаѓана.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ