Македонија
10. September 2015 - 14:52

Саем „Агрофуд 2015“ од 1 до 4 октомври на Скопски саем

Од 1 до 4 следниот месец на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“.

Новитет оваа година е тоа што сите учесници на Агрофуд 2015, кој воедно ќе има нов продажен аспект, ќе ги претстават своите  диверзифицирани палети на разни производи и услуги од органското производство во Македонија, со додаден акцент и на претставниците на конзервната индустрија.  Сите заинтересирани посетители ќе имаат шанса да купат зимница изготвена од природни состојки според најстроги законски стандарди и да ги дополнат своите залихи за претстојниот зимски период со специјални македонски вкусови, соопшти денеска Скопски саем.

На изложбено-продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалоци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.

Влезот на саемот ќе биде бесплатен.