Саем на книга во Матица од утре до 31 јануари

Клубот „Матица“ од утре до 31 јануари го организира традиционалниот Саем на книгата „Книга во секој дом“.
Од „Матица“ соопштуваат дека годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“, читателската публика ќе може да си избере наслови од комплетната домашна и странска продукција.
- Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании како „Харпер Колинс“, „Парагон“, „Орион“, „Делфи“, „Вулкан“ и „Лагуна“ ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светска прозаистика, архитектура и уметност, најчитаните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата, гастрономија и лексикографија, историја и поезија, енциклопедии, книги за најмладите, креативни проекти итн, најавуваат од „Матица“.
Информираат дека во деновите што следат посебен акцент ќе биде ставен на средби со читателите на младите автори, Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.
Покрај домашните автори, на Саемот ќе бидат понудени најновите остварувања на светски познатите Баркли, Каризи, Рајли, Љоса, Зафон, Лејкер, Ноухаус, Содерберг, Сарамаго, Кобен и други.
Ново на Сител
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
-

Комеморација за четирите загинати ученици во штипското средно медицинско училиште во „Пулс“
-

Малигните заболувања втора причина за смртност
-

Над 20.000 граѓани се очекува да ги искористат бенефитите на новиот Закон за работно ангажирање
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
