Саем на студии во Франција во НУБ „Св. Климент Охридски“

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе се одржува Саем на студии во Франција, на кој претставници или алумни од околу 30 француски универзитети ќе ги презентираат условите за студирање и можноста за стипендирање за македонски студенти.
Студентите, професорите и родителите ќе може поконкретно да се информираат за различните студиски програми кои ги нудат француските високообразовни институции, а ќе биде промовирана и новата програма за пракса во успешни француски компании. На саемот се предвидени и онлајн разговори со македонски студенти кои престојуваат во Франција.
Саемот го организираат Францускиот институт и одделот за високо образование Кампус Франс во Скопје. Тој е дел од Регионалниот патувачки саем на студии во Франција, кој посетува повеќе земји на Балканот.
Саемот во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе се одржува од 11 до 18 часот. Официјално ќе биде отворен во 12.30 часот, со обраќање на амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
