Саем за вработување и кариера – Job Fair 2016

Од денеска до 10 мај на техничките факултети во Скопје ќе се оддржи дванаесеттото по ред издание на Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2016 во организација на Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ.
Овој саем е одлична можност компаниите учеснички да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени, а студентите да се информираат повеќе за компаниите, нивните понуди, како и нивните главни активности. На деновите на штандови, компаниите ќе ја претстават својата дејност, како и целите и потребите насочени кон амбициозен и квалификуван кадар.
На Job Fair заинтересираните студенти ќе имаат можност да присуствуваат на разни предавања, презентации, soft skills тренинзи и натпревари одржани од страна на компаниите. Студентите целат кон квалитетна пракса или работно место, а тоа е она што Job Fair им го нуди.
Според организаторите, на минатогодишниот саем кој се покажал како најуспешниот до сега, учествувале 26 компании, врвни во својата област и го посетиле над 4.000 студенти на деновите на штандови.
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
