САФИР
Серија номинирана за меѓународната награда ЕМИ за најдобра драмска серија за минатата година. Романса сместена зад ѕидините на древните конаци и во нишките на волшебната Кападокија.
Приказна за семејството Ѓулсој, едно од најистакнатите и најпочитувани во Кападокија. По годините минати во странство, во своето родно место се враќа Атеш за да им се придружи на неговите браќа Јаман и Окан во преземањето и проширувањето на семејниот бизнис, основан од нивниот доминантен дедо.
Јаман од мали нозе бил заљубен во Фераје и планира да се ожени со неа. Фераје живее со нејзиниот татко, маќеата Џемиле, братот и полусестрата, кои работат како слуги во замокот на богатата фамилија Ѓулсој.
Но, една трагедија ќе ги уништи сите планови, ќе ги скрши срцата на Фераје и Јаман и ќе го смени текот на приказната. Јаман и Окан ќе прикријат едно убиство, а за тоа ќе дознае злобната слугинка Џемиле и ќе ги уцени. Во замена за тоа да не ја открие тајната за убиството, Џемиле ќе побара од Јаман да ја остави нејзината паштерка Фераје и да се ожени со нејзината ќерка, ставајќи го прстенот од сафир токму на неа. За да го заштити брата си, Јаман ќе мора да се согласи на таа страшна уцена и да ја напушти саканата. За Фераје следува големо разочарување и гнев кон Јаман. Девојката чека негово дете, но Атеш е тој кој што ќе реши да се ожени со Фераје и да ја заштити нејзината гордост во име на честа и правдината.
Како што се откриваат тајните, семејството се соочува со опасност, закана од крвава одмазда и неочекувани одлуки. Борба за чест, сурова одмазда и неверојатни интриги следуваат во серијата полна со скриени вистини и неочекувани заплети.
Ново на Сител
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“
-
Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор
-
Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрези
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд во наредните денови