Сајкоски: Силата е во масовноста и единството на граѓаните, продолжуваме да кажуваме НЕ на лошиот предлог
Продолжуваме со протестите и денес низ цела Македонија и во Скопје. Ги блокираме патните правци Градско – Прилеп, патниот правец Велес – Штип, го блокираме и патниот правец Струмица – Радовиш и исто така во градот Скопје пред Владата е организиран исто едночасовен прекин на сообраќајот.
Со тоа сакаме да укажеме дека цврсто стоиме на тоа дека овој француски предлог е лош. Овој француски предлог треба да биде отфрлен од страна на Владата. И овој француски предлог е само еден нов предизвик кон патот кон ЕУ што ни носи нови и нови препреки, кои што ќе траат можеби и повеќе децении.
Затоа укажуваме таквиот француски предлог е само замка која што не носи добро ништо на евроинтегративните процеси на Република Македонија.
Изминатиов период, изминатите шест дена имавме протести во Скопје кои што навистина беа народни протести, протести поддржани од сите категории на граѓани, не само од ВМРО-ДПМНЕ. Денес продолживме и во цела Македонија по барање на граѓаните. Ние укажуваме дека Владата не треба да го прифати овој предлог. Но доколку го прифати францускиот предлог кој е лош, ние во Собрание нема да дозволиме да има уставни измени. Со тоа можеме да им укажеме на граѓаните дека ние нема да прифатиме уставни измени со 80 пратеници. А 80 пратеници во моментов ги нема владата.
Во делот на она што е насилство и што се случуваше изминативе денови, ние силно го осудуваме насилството, и како политичари кои сега го предводат ВМРО-ДПМНЕ, укажуваме дека силата не е во насилството, силата е во масовноста, силата е во единството на сите граѓани и силата е ако сите денес, утре и периодот кој следи кажеме НЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Усвоен планот за реформи на ОН на самитот, и покрај руската опструкција
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода
-
Од 6 до 18 часот утре посебен сообраќаен режим во Битола
-
Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид
-
Муцунски на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН