Сакал да ги убие жената и ќерката: Наместо на убиецот, пораката ја пратил на шефот...
САД: Џеф Литл (42) и убиец со име Шејн требало да поделат 1,5 милион долари од животно осигурување. Но Џеф наместо на Шејн СМС пораката ја испратил на поранешниот шеф по што веднаш бил уапсен.
- Здраво Шејн, како си? Се сеќаваш ли дека сакаше да ми помогнеш да ја убијам мојата жена? Ја прифаќам понудата - напишал Џеф во пораката. Убиецот требало да ги убие неговата сопруга и неговата ќерка (4).
Животното осигурување вредно 1,5 милиони долари Џеф и Шејн требало да го поделат меѓу себе. Џеф го информирал убиецот за слободното време на својата жена, а убиството би требало да изгледа како несреќен случај, односно како грабеж. Кога бил уапсен Џеф на полицијата кажал дека пораката ја напишала неговата ќерка.
Подоцна тој признал дека ја напишал пораката, но тврдел дека никогаш не сакал да ја испрати, и дека никогаш не сакал да дојде до убиство. Џеф моментално се наоѓа во затвор во Вашингтон, под оптужба за обид за двојно убиство, пишува Деили Меил.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом