Сакала да продаде половен автомобил за 500 долари: По само една минута ѝ понудиле 100.000
Една Американка од Калифорнија одлучила да ја продаде својата половна "Хонда Акорд" од 1996-тата година на "eBay", и тоа за само 499 долари. За да успее во тоа, нејзиниот свршеник Макс Ланмен, инаку режисер, и понудил да направи реклама за автомобилот.
Овој автомобил веќе минал 227.000 километри, па сопственичката му одредила цена од само 499 долари.
Господинот Ланмен тука добро ги искористил своите таленти, и направил реклама која за кратко време станала многу популарна, па со самото тоа цената на возилото почнала вртоглаво да расте.
Последната понуда на "eBay" изнесува неверојатни 100.000 долари, а продажбата ќе трае уште само 3 дена.
"Инспирација за рекламата добив кога со мојата девојка Кери се возевме покрај брегот, додека одевме на кампување", рекол тој за BBC.
Сметал дека навистина би било смешно за толку стар автомобил да се сними реклама во толку раскошно окружување покрај море.
"Нареално е тоа што рекламата стана толку популарна ширум светот. Фала Му на Бога за интернетот", рекол тој.
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава