Сакеларопулу –Мицотакис: Грција ќе ги заштити суверените права, почитувајќи го меѓународното право
Грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирјакос Мицотакис за време на нивната средба во претседателската палата се осврнаа на ситуацијата во грчко –турските односи, заштитата на суверените права на земјата со целосна посветеност и почитување на меѓународното право и на поддршката од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.
– Имаме проблеми со соседите кои продолжуваат да создаваат тензии и оспорувајќи ја секоја смисла на добрососедство поставуваат прашања на оспорување на нашите суверени права за кои мислам дека, одговорот од сите нас е очигледен, дека секогаш ќе ги заштитуваме со почитување на меѓународното право, рече претседателката на Грција на почетокот на средбата со Мицотакис.
Грчкиот премиер истакна дека земјата со сите провокации ќе се справи стабилно, со самодоверба „и секогаш посветена на меѓународното право“.
-Немам никаков сомнеж дека и во оваа тензија, за која сакам јасно да истакнам дека Грција не ја посакува и сигурно не ја предизвикува, апсолутно сум сигурен дека ќе имаме целосна поддршка од Европската унија, за да можеме, се надевам да го надминеме овој период, но испраќајќи и една јасна порака: дека тензијата што не ја предизвикавме ние, не може автоматски да доведе до деескалација на ситуацијата што ја живееме и подобрување на нашите односи со Турција, рече Мицотакис.
Сакеларопулу потенцираше дека она што е позитивно, освен цврстата позиција на Грција, е и поддршката од претседателите на другите земји, а како пример го спомена телефонскиот разговор со нејзиниот португалски колега.
Мицотакис одговори дека поддршката од Европа, како на билатерално, така и на институционално ниво на ЕУ е факт и „никогаш не беше оспорена“.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра