-->
-->
Сако ќе чека да го „крсти“ УЕФА
-->
Мамаду Сако (26), која „падна“ на допинг тестот по мечот на Ливерпул со Манчестер Јунајтед, одигран на 17. Март во Лига Европа, ќе ја чека казната на УЕФА и нема да побара да му биде направен и Б тестот.
Сако, откако неговиот клуб објави дека неговиот допинг тест бил позитивен, на надлежните органи на УЕФА им објаснил како недозволената супстанца се нашла во неговиот организам, односно дека таа била во лековите за диета.
Дефанзивецот на Ливерпул се соочува со суспензија од страна на УЕФА, поради што ќе го пропушти Европското првенство во Франција.
Местото на Сако во Ливерпул го пополни Коло Туре, кој во 2011-та, како играч на Манчестер Сити, една година беше суспендиран поради позитивен допинг тест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комисијата за буџет на Бундестагот даде зелено светло за помош за Украина во вредност од три милијарди евра
-
Трамп најави производство на борбен авион од шестата генерација Ф-47
-
Зеленски најавува самит на „коалицијата на подготвените“ во Париз
-
Победникот на Светското клупско првенство ќе добие повеќе од 100 милиони долари
-
УЈП: Да се поднесат барања за обнова на кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките
-
Јандроковиќ: Сочувство од Сабор и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани
-
Кривична против тројца штипјани, во зграда нападнале лице при што употребиле електрошок
-
ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец