Фудбал
21. August 2024 - 8:30

Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул како слободен агент во 2025 година

Мохамед Салах најверојатно ќе се раздели со Ливерпул на крајот на сезоната, објави денеска „Ливерпул ехо“.

Изданието забележува дека 32-годишниот напаѓач следното лето ќе го напушти англискиот тим како слободен играч.

Можно е 19-кратниот шампион на Англија да се обиде да го ангажира Ентони Гордон од Њукасл.

Во 350 натпревари за „црвените“, египетскиот репрезентативец постигна 212 гола и направи 88 асистенции од неговиот трансфер од Рома во летото 2017 година.

Мохамед Салах е поранешен играч на Челси, Базел и Фиорентина.