Салах закрепна од повредата, ќе игра на дербито со Манчестер сити

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах закрепна од повредата, објави тренерот на „Црвените“ Јирген Клоп.
- Тој е со нас. Салах тренира веќе два дена и е полн со енергија. Ајде да видиме. Но, одлично е што се врати. Ова е многу добро. Како што можете да видите, тој е среќен“, изјави Клоп за „Sky Sports“.
Салах се повреди на 18 јануари на натпреварот Египет - Гана (2:2) во Купот на Африканските нации. На 17 февруари играше на натпреварот помеѓу Ливерпул и Брентфорд (4:1) во Премиер лигата, но повторно се повреди.
Триесет и едногодишниот Египќанец има 19 голови и 10 асистенции во 28 настапи за Ливерпул оваа сезона.
Ливерпул на 10 март ќе го пречека Манчестер сити во 28. коло од Премиер лигата во дуело на двете водечки екипи кои заедно со Арсенал се претенденти за шампионскиот трофеј.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
