Сали: Евентуална смена би била на барање на премиер, а не на поединци
Евентуална смена би била на барање на премиер, а не на поединци или било какви иницијатори за некаква смена на некој од дел од тимот на една Влада, изјави министерот за здравство Беким Сали по информациите објавени во дел од медиумите за негова смена.
– Јас не можам да кажам дали ќе останам или не. Премиерот пред три недели на една национална телевизија кажа дека таа е екипата со која што тој сака да работи. Мислам дека евентуална смена би било на барање на премиер, а не на поединци или било какво иницијатори за некаква смена на некој од дел од тимот на една влада, затоа што премиерот е тој што предлага до Собранието, а тоа изгласува, односно поддржува таков формат на влада, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, каде беше пуштен во употреба нов најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури.
Прашан дали од негова страна има желба за смена, Сали рече дека има желба да работи и да промовира опрема која ќе биде блиску до пациентите.
– Јас имам желба напорно да работам и да промовирам насекаде опрема која што ќе биде блиску до пациентите. Една од работите што со гордост и напорно ја работевме беше соработката со Светска банка за пренамена на одредени средства, коишто беа предвидени за вакцини, во опремување на болници кои се надвор од Клиничкиот центар. Здравствениот систем не треба да биде фокусиран само на Клиничкиот центар. За жал, Клиничкиот центар се претвори во терцијарно и секундарно здравство, а некогаш и во приватно во доцните часови затоа што пациентите избегнуваат да одат на матичен, па одат на клиника и тоа предизвикува хаос во системот, рече Сали.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки