-->
-->
Самит на ЕУ со Македонија и Србија посветен на бегалската криза
-->
Европската унија плус Република Македонија и Србија, денеска во Брисел ќе одржат мини-Самит посветен на бегалската криза, јави дописникот на МИА од Брисел.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе ја претставува државата на овој итени состанок што пред три дена го свика претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, заедно со шефовите на државите и Владите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Словенија.
Според најавите, Јункер денеска се очекува да претстави план од 16 точки за справување со бегалската криза, а според официјалната најава на Еврокомисиајта целта на овој мини-Самит е да се договорат заеднички оперативни заклучоци што ќе може веднаш да бидат спроведени. Според нацрт-документот што деновиве го објавија дел од германските медиуми, главна порака на денешниот мини-Самит што се очекува да заврши со заедничка декларација е европските земји да престанат со префрлање на мигранти кај соседните земји без претходни консултации.
Во тој контекст, веќе се најавуваат силни напади од страна на лидерите кон Грција, како од Македонија, така и од останатите земји чии лидери ќе бидат присутни на овој мини-Самит, а поради неконтролираното испуштање на бегалците од оваа земја кон Македонија, а кои потоа продолжуваат кон останатите земји на мигрантската рута. Но, се очекуваат судири и на Словенија со Хрватска, односно на Хрватска со Србија. Она што изненадува е отсуството на претставник на Турција, земја од Балканот и Европа што најмногу е погодена од бегалскиот бран, а поради тоа што првиот човек на Еврокомисијата не упати покана до претставник на турската држава.
- Со оглед на вонредната состојба во земјите од Западен Балкан во однос на миграцискиот пат, постои потреба за поголема соработка, поширока консултација и непосредна оперативна акција. Затоа, по разговорите со неколку лидери, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, организира лидерска средба на 25 октомври во Брисел, за да се разговара за приливот на бегалци по должината на рутата на Западен Балкан, се вели во официјалното соопштение на Еврокомисијата за ваа лидерска средба.
Инаку, мини-Самитот на ниво на шефови на држави или влади се очекува денеска да започне околу 16.00 часот и да трае три до четири часа, проследено со работна вечера на седиштето на Европската комисија во зградата “Берлемонт”.
Според најавата, присутни на лидерската средба, покрај шефовите на државите или владите на десетте држави што се најмногу погодени од мигрантската рута во Европа, на овој мини-Самит на ЕУ со Македонија и Србија, исто така ќе бидат присутни и претседателот на Европскиот совет, Диналд Туск, претставник на Луксембуршкото претседателството со Советот на ЕУ и на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. Исто така, поканети се да присуствуваат на состанокот оваа лидери и претставници на Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕКПА) и Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на земјите-членки на Европската унија (Фронтекс).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград