Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел во четврток преку видео врска
Наместо закажаниот физички самит на лидерите на ЕУ во четврток и петок во Брисел, поради големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус, ќе се одржи видео конференција, изјави денеска портпаролот на Европскиот совет, Баренд Лејтс.
– Претседателот на Европскиот совет одлучи да го одржи самитот во март со видео врска, по големото зголемување на бројот на заразени лица во земјите-членки, рече Лејтс, портпарол на Шарл Мишел.
Агендата на редовниот пролетен самит на ЕУ, на 25 и 26 март, што досега беше планиран како физички состанок, вклучува неколку теми: епидемиолошката состојба и координација на борбата против Ковид-19, производство и дистрибуција на вакцини, односите со Русија, ситуацијата на источен Медитеран, единствен пазар, индустриска политика, дигитална трансформација и меѓународна улога на еврото.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
-
Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит
-
Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу