Само за најхрабрите: Забар сам на себе си извади заб
Рускиот стоматолог Рустам Јакјајев стана светска сензација откако сам на себе, со помош на огледало си извади заб.
Јакјајев во последно време имал проблеми со забот, па останува нејасно како немал асистен и дали е можно да не познава ниту еден колега кој би му помогнал/
Храбриот руски стоматолог дошол до генијална идеја да си ги олесни маките. Одлучи сам да си даде анестезија и да извади дел од телото кој му задавал неподносливи болки.
-Пред тоа направив рендгенска снимка, која покажа дека забот е оштетен и дека мора да биде извлечен. Не беше тешко, ниту болно зошто пред тоа си дадов анестезија, рече 24-годишниот забар кој не насетуваше дека неговиот потег ќе стане хит на интернет.
-Сепак не очекував многубројна публика и толаво медиумско внимание, рече тој кој им внесе страв во коски и на оние најхрабрите кои досега не се плашеле од забарска столица.
За другите и да не зборуваме...
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот