Самостојна изложба на Сергеј Андреевски во Гостивар
Во галеријата „Култ“ во Гостивар вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, која содржи 25 слики на платно, избор на најрепрезентативните дела од последните циклуси на Андреевски: „Птици“, „Цвеќулиња“ и „Кучиња“.
Изложбата ја организира здружението на ликовни уметници од Гостивар „Драудакум“, а ќе ја отвори Решат Амети, професор на Ликовната академија на Универзитетот во Тетово, кој е и иницијатор на ова претставување на Андреевски.
Амети во каталогот за изложбата, меѓу другото, пишува: „Колоритот на Сергеј Андреевски е богат и силен и циркулира низ целиот простор на платното, како вени кои оживуваат определени познати асоцијативни визуелности. Во целина, неговото сликарско дело има некоја привлечна магија, како некоја невидлива гравитациона визуелна сила која ги привлекува не само визуелната перцепција, туку и други духовни сетила, имагинации ... Едноставно, силината на ликовниот уметник е во неговиот оригинален јазик, во неговото сопствено сликарско его и ликовна вистина, а вистината на сликарството на Сергеј е неговата оригинална сликарска моќ“.
Изложбата на Андреевски во галеријата „Култ“ во Гостивар ќе биде отворена во наредните две недели.
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот